27 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Советничката од редовите на политичката партија Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, соопшти дека поднела кривична пријава за загрозување на безбедноста против актуелниот заменик-директор на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов.
Според изјавата на Станкоска, поводот за кривичната пријава е објавено видео од страна на Михаилов на социјалните мрежи, во кое е пренесен инсерт од нејзино официјално обраќање во Советот на Град Скопје.
Оваа објава, како што посочува советничката, предизвикала лавина од реакции проследени со сериозни закани, навреди и експлицитни повици за физичко и сексуално насилство насочени кон неа. Она што дополнително го проблематизира случајот е тврдењето на Станкоска дека заменик-директорот не само што не ги осудил ваквите коментари, туку истите ги одобрувал и поттикнувал.
Станкоска е децидна дека нема да дозволи овој случај да помине неказнето. Таа потсети на досегашната практика, изразувајќи незадоволство од работата на институциите:
Во своето обраќање кон јавноста, советничката нагласува дека овој случај далеку го надминува дневно-политичкиот контекст и задира во суштинското прашање за заштитата на жените во општеството.
„За разлика од мене како јавен функционер кој има пристап до адвокат, медиумски простор и јавна поддршка, многу жени во државата ја немаат таа привилегија“, истакнува Станкоска.
Таа посочува на поразителниот факт дека надлежните институции најчесто реагираат предоцна на пријавите од обичните граѓанки кога станува збор за семејно насилство, демнење, сексуално вознемирување и закани.
На крајот, Евгенија Станкоска упати директен повик до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје итно и неселективно да постапи по поднесената кривична пријава. Таа порача дека јавноста будно ќе го следи понатамошниот тек на случајот и постапувањето на правосудните органи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

