09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, изјави дека за законско блокирање на булеварите „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај влезовите на Собрание на Република Северна Македонија се потребни најмалку по 21 работник на секоја локација. Според него, пратениците не треба да се грижат за бројот на граѓани што ќе излезат на улица, туку за пораката што им се испраќа.
Трендафилов истакна дека блокадата е директна реакција на, како што вели, повеќе од една година блокирање на Законот за минимална плата од страна на народните избраници.
„Пратениците се прават глуви и слепи за последната иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија – нивните плати да се намалат за 80 проценти или основицата за пресметка да се сведе од просечна на минимална плата. Нека дојдат и тие на минималец, па потоа да зборуваат колку е добро со минимална плата да се живее во Македонија“, порача Трендафилов.
Тој додаде дека пратениците први ќе се соочат со незадоволството на работниците, бидејќи утре нема да можат да наплатат патни трошоци за доаѓање на работа, кои, како што рече, изнесуваат од 100 евра па нагоре.
На утрешната блокада, според најавите, ќе присуствуваат и раководството и членовите на Синдикат на УПОЗ, кои заедно со Конфедерација на слободни синдикати и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на додатоците на плата за 40 проценти до 2028 година.
Блокадата, како што потенцираат од синдикатите, има за цел да изврши притисок врз пратениците конечно да донесат одлука во интерес на работниците и да го одблокираат Законот за минимална плата.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

