14 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерот за надворешни работи и кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 зборуваше за активностите во оваа општина и за односот на неговиот противкандидат, министерт Мехмети. Османи реагираше на прашањето на водителот кој посочи дека граѓаните забележуваат како Османи уште пред изборите почнал да го „поправа“ Чаир, додека противкандидатот веќе реализира инфраструктурни проекти.
Османи смета дека ваквото однесување претставува злоупотреба на државните ресурси и губење на границата меѓу државата и партијата.
„Граѓаните велат: ‘Бујар почна да го средува Чаир уште пред да стане градоначалник, замислете кога ќе стане’. Но тие не бараат само промена на политиките, туку промена на културата на функционирање,“ истакна Османи.
Тој додаде дека е недозволиво министер кој нема надлежности во општината да промовира општински проекти.
„Четири години ништо, а потоа еден месец пред избори ги користат сите државни ресурси за да се прикажат активни. Имам информации дека без знаење на директорките и градоначалникот, во градинки и училишта се вршат паркинг-работи. Тоа покажува дека државата го изгубила својот смисол, а границата меѓу државата и партијата е целосно избришана,“ рече Османи.
Според него, ваквите потези не се израз на ангажман, туку доказ дека властите досега имале ресурси, но не и волја и правилни приоритети.
„Мислат дека ќе ги измамат граѓаните еден месец пред избори со неколку проекти, но всушност само покажуваат дека цело време можеле да работат, а не работеле,“ додаде Османи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден