18 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Вчера утрото, околу 10:45 часот, во СВР Велес е пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма во село Долно Чичево, во рамки на Општина Градско, сопственост на правно лице.
Според официјалните информации, во пожарот угинале шест животни, а причинета е значителна материјална штета на објектот. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено на укажување лекарска помош во Општа болница Велес, додека четири лица побарале медицински преглед во Општа болница Неготино, а уште три лица во Општа болница Кавадарци.
Пожарот бил локализиран и целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес, кои ги утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот и обемот на штетата.
Настанот се случува во период на зголемена јавна чувствителност за безбедносните стандарди и противпожарната заштита, по трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, што повторно го наметна прашањето за превенција, контроли и навремена реакција во сите објекти каде постои ризик од пожар.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

