17 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Амбасадата на Франција во Северна Македонија излезе со остра реакција и недвосмислена осуда по вчерашниот инцидент во кој беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје. Од француското претставништво повикаа на градење доверба меѓу Скопје и Софија, но и ја поздравија брзата реакција на полицијата.
Преку официјално соопштение, француското дипломатско претставништво изрази поддршка за своите бугарски колеги, потенцирајќи дека безбедноста на дипломатскиот кор е неприкосновена и мора да се гарантира постојано.
„Изразуваме целосна солидарност со персоналот на Амбасадата на Бугарија. Ништо не може да го оправда ваквиот напад врз безбедноста на дипломатските претставништва, која мора да биде загарантирана во сите околности“, се истакнува во реакцијата на Амбасадата на Франција.
Покрај осудата за вандалскиот чин, од Амбасадата ја поздравија навремената интервенција на македонските институции. Оттаму ги поддржаа напорите за целосно расветлување на инцидентот.
Воедно, испратена е и порака во насока на негување на добрососедските односи. Француската амбасада директно ги охрабри властите во Скопје и Софија да продолжат да работат на создавање клима на доверба во нивните билатерални односи, не дозволувајќи ваквите инциденти да го нарушат тој процес.
Случајот со опожарените возила доби брза полициска разрешница.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

