29 јануари 2026
• од Гоце Кически
Во духот на братската блискост и заедничкото православно предание, на 28 јануари 2026 година во храмот „Св. Димитриј“ во Ќустендил беше отслужена свечена архијерејска Литургија по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископот Велбуждски Исак, од Бугарска Православна Црква, втор викар на Софискиот митрополит.
Со богослужбата началствуваше Неговото Високопреосвештенство, вомировениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, во сослужение со Преосвештените Епископи Богослов Маркианополски, викар на Старозагорскиот митрополит, и Исак Велбуждски. Во Литургијата зедоа учество свештенослужители од повеќе епархии на Бугарската и Македонска Православна Црква, што уште еднаш ја потврди длабоката духовна и историска поврзаност меѓу македонските и бугарските православни христијани.
На свеченоста присуствуваа и претставници на локалните власти, како и истакнати личности од Ќустендилската област, кои со своето присуство ја нагласија важноста на настанот за локалната заедница и пошироко.
По завршувањето на Литургијата беа прочитани пригодни обраќања упатени до Епископот Исак по повод празникот на неговиот небесен покровител. Во знак на почит и молитвено единство, Митрополитот Јосиф му подари престолен крст, а Владиката Богослов му врачи панагија за траен спомен од овој ден.
Настанот добива дополнителна тежина во контекст на неодамнешната изјава на бугарскиот патријарх, кој јавно истакна дека „Бугарската Црква го признава автокефалниот статус на Македонската Православна Црква“, зборови што беа примени со особена радост меѓу верниците и клирот од двете цркви. Оваа порака се доживува како значаен чекор кон продлабочување на меѓусебната доверба, литургиското општење и братската соработка.
По богослужбата беше приредена трпеза на љубовта, на која во неформална и братска атмосфера продолжи заедничкото дружење, уште еднаш потврдувајќи дека православната вера останува силна врска што ги обединува македонските и бугарските христијани преку граници и административни разлики.
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

