Временска прогноза за 12 мај 2025: Променливо време со сончеви периоди и попладневна нестабилност
Денес не очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди низ целата држава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе придонесе за освежување на утринските и претпладневните часови.
Сепак, попладне метеоролошките услови ќе бидат нестабилни. На повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одредени локации е можен и поинтензивен развој на нестабилност во форма на локално невреме.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне, нестабилноста ќе биде изразена во делови од Скопската котлина, каде се можни пороен дожд и грмежи.