Османи ги кани Пендаровски, Таравари, Силјановска и Димитриевски на ифтар, но не и Ванковска и Јакимовски
Кандидатот за претседател Бујар Османи на својот Фејсбук профил упати покана за заеднички ифтар до претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски.
„На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“, вели Османи.
Сепак, свое место во објавата на Османи не најдоа и кандидатите за претседатели Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски.