01 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Росен Жељазков истакнал дека Бугарски парламент нема намера да воведува нови услови за Скопје, но останува цврст во барањето за исполнување на веќе договорените предуслови, меѓу кои и измените во Уставот на Македонија.
Во гостувањето во емисијата „Недела 150“ на БНР, премиерот одговорил на прашањето дали Бугарија би можела да направи гест со повлекување на условот Бугарите да бидат вклучени во македонскиот Устав.
„Не мислам дека воопшто постои таков разговор“, нагласил Жељазков, додавајќи дека двете земји веќе имаат потпишан Договор за добрососедство и усвоен протокол кој е дел од европската преговарачка рамка. Според него, оспорувањето на протоколот пред Уставен суд на РСМ претставува „домашна политичка кореографија“ што се изведува во Скопје, вклучително и пред Европски совет.
Жељазков нагласил дека Бугарија не застапува никаква позиција која е различна од онаа на Европскиот совет, односно почитување на компромисниот предлог од 2022 година, кој предвидува:
„Ако властите во Скопје сакаат да бидат дел од Европска Унија, тие мора да одат по овој пат“, истакнал премиерот, додавајќи дека ова е во согласност со самиот став на ЕУ кон Скопје.
На прашањето за можноста за дополнителен билатерален протокол кој би гарантирал дека нема да има нови пречки на евроинтеграцискиот пат, Жељазков одговорил дека најголемата гаранција за Скопје е едногласната одлука на Народно собрание на Бугарија.
„На колегите од Скопје треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија со политички играчи низ светот“, потенцирал премиерот.
Со ова, официјална Софија уште еднаш потврдува дека македонските уставни измени остануваат клучен чекор пред отворањето на натамошните пристапни преговори со ЕУ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

