13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Рускиот претседател Владимир Путин толку ја „развртел воената машина“, што веќе не е способен да ја сопре. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на годишната конференција „Јалтенска европска стратегија“, пренесува УНИАН.
„Целта на Путин е да ја окупира цела Украина. Тој ја пуштил воената машина до степен што нема да може да ја запре, освен ако не биде принуден да ги промени своите цели“, нагласи Зеленски.
Зеленски додаде дека понудите за размена на територии или обидите за повторно воспоставување на трговијата на Русија со САД и со остатокот од светот нема да ја запрат војната.
„Руската воена машина ќе запре само кога горивото ќе ѝ се потроши. А Путин ќе почне да ја запира сам, тогаш кога навистина ќе почувствува дека ресурсите за војна се исцрпени“, рече украинскиот претседател.
Тој истакна дека Русија мора да верува оти САД, Европа и Западот нема да ѝ дозволат да продолжи со агресијата. Потребен е силен притисок за, наместо да окупира други држави, Путин да биде приморан да мисли за зачувување на својата економија и политичкиот систем.
Зеленски подвлече дека заедничката работа со партнерите за сигурна заштита на воздушниот простор е клучна. „Ако можеме навистина надежно да го заштитиме нашето небо – и Украјна од нападите, но и соседите како Полска и Романија од руските закани, тогаш Путин ќе го изгуби смисолот на својата војна“, рече тој.
Украинскиот претседател потсети и на неодамнешниот случај кога 19 руски дронови беа насочени кон Полска од територијата на Украина и Белорусија за време на воените вежби во Белорусија. НАТО подигна борбени авиони како реакција, но по неколку дена темата исчезна од дневниот ред.
„Какви беа последиците за Русија? Да бидеме искрени: никакви“, заклучи Зеленски.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден