25 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека добил извештај од директорот на Службата за надворешно разузнавање, Олег Ивашченко, во кој се анализира состојбата на руското воено производство, како и формите на соработка меѓу Русија и компании и субјекти од други држави. Информацијата ја пренесе Би-Би-Си.
Според Зеленски, украинското разузнавање регистрира зголемување на контактите меѓу Русија и одредени структури во Кина, кои би можеле да ѝ обезбедуваат на Москва податоци од космичко разузнавање. Тој истакна дека се утврдени случаи на временско совпаѓање меѓу снимање на украинска територија од кинески сателити и последователни руски напади врз објекти од енергетската инфраструктура на Украина.
Украинскиот претседател нагласи дека Киев ваквите активности ги смета за фактор кој ѝ овозможува на Русија да ја продолжува војната и ја прави нејзината позиција кон дипломатијата „помалку сериозна“. Според него, ваквата соработка ги поткопува напорите за изнаоѓање политичко решение на конфликтот и го зголемува воениот притисок врз Украина.
Зеленски не прецизираше за кои конкретни кинески компании или институции станува збор, но истакна дека темата внимателно ја следат украинските служби. Тие, како што наведе, подготвуваат дополнителни анализи и информации кои ќе им бидат доставени на меѓународните партнери на Киев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

