07 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Аеродромот во Софија, кој од 2021 година е во концесија на компанијата „СОФ Конект“, ќе добие нов Терминал 3 со кој ќе може да опслужува до 20 милиони патници годишно, што го прави најголем во Источна Европа надвор од Украина. Новиот терминал треба да биде готов до 2031 година, а активностите околу проектирањето и изградбата ќе започнат веќе следната година.
Ова го изјави извршниот директор на „СОФ Конект“, Хесус Кабайеро, во интервју за бугарската платформа Money.bg. Тој потенцира дека по пет години, со пуштањето на Терминал 3, Софија ќе биде подготвена да го прифати растечкиот број на патници и новите авиони што авиокомпаниите ги нарачаа уште пред пандемијата, што ќе претставува значителна конкурентска предност.
Кабайеро објасни дека глобално постои недостиг на капацитет и кај авиокомпаниите и кај аеродромите, а Софија може да понуди нешто поразлично: ефикасност, ниски такси и брза услуга на земја. „Таксите ни се најниски во регионот, дури пониски од Бургас и Варна, што ја прави Софија привлечна дестинација,“ рече тој.
Според него, ваква голема инвестиција е невозможна без ангажман на работна сила однадвор — како стручњаци за авијација, така и градежни работници.
Во однос на проширувањето на дестинациите, Кабайеро истакна дека веќе се отворени 31 нови линии, а целта е да се достигнат над 100 дестинации. За првата половина од годинава, сообраќајот на патници е зголемен за 20% во однос на 2019 година, пред пандемијата. „Работиме со анализа на големи бази на податоци за да покажеме на авиокомпаниите дека има доволно патници, на пример за летови меѓу Софија и Краков,“ посочи Кабайеро.
Тој додаде дека за линии со времетраење од 2 до 3 часа се потребни меѓу 20.000 и 30.000 патници годишно, а ако тоа се докаже, авиокомпаниите носат одлука за воспоставување на нова линија.
Во однос на критиките од некои нискотарифни превозници, кои велат дека инвестицијата во „петѕвезден терминал“ е излишна, Кабайеро одговори: „Нема регионален аеродром во Европа со 5 до 10 милиони патници што нуди петѕвезден стандард. Софија може да биде првиот.“
Тој заклучи дека патниците не гледаат само на цената, туку и на целокупното искуство — од пристапот до терминалот, брзината на услугата, до впечатокот со кој заминуваат од аеродромот.
СДСМ:Владата манипулира со бројките за извозот – економијата всушност назадува
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден