Велигденска хуманост од Бугарија: Над 1000 козунаци за оние на кои најмногу им треба во Јамбол
Во пресрет на Велигден, во бугарскиот град Јамбол владееше вистински празничен дух исполнет со грижа и добрина. Повеќе од 1000 козунаци беа подарени на социјално загрозени и повозрасни лица од страна на градоначалникот Валентин Ревански, неговиот тим и општински советници.
Хуманитарната акција се одржа на Велики Четврток, пред Централната пошта во Јамбол, и предизвика голема благодарност и радост кај граѓаните. „Со оваа иницијатива повторно сакаме да покажеме почит и внимание кон нашите постари сограѓани. Вистинскиот дух на Велигден е во споделувањето и грижата еден за друг,“ изјави градоначалникот Ревански.
Во акцијата се вклучија и заменик-градоначалниците Енчо Керјазов и Васил Александров, претседателот на Општинскиот совет Антон Шиков, како и советници од групата „Пряка демокрация“. „Како што на нашите најблиски им подаруваме козунак и велигденски јајца, така решивме да направиме еден мал, но искрен гест и за жителите на градот,“ истакна Шиков, упатувајќи честитки за празниците до сите јамболчани.
Оваа благородна иницијатива се организира по втор пат и станува убава традиција во Јамбол, потсетува БТА. Таа претставува пример за тоа како со мал гест и големо срце може да се внесе светлина и топлина во секој дом.