01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Украина подготвува нова серија напади длабоко во руската територија. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколку недели на засилени руски напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во објава на социјалната мрежа Х, Зеленски истакна дека Украина ќе продолжи со активни операции на начин кој е неопходен за одбраната на државата.
„Силите и ресурсите се подготвени. Планирани се и нови длабоки удари,“ потенцираше претседателот.
Оваа негова изјава доаѓа по средбата со главнокомандувачот на вооружените сили на Украина, Олександар Сирски.
Во јуни 2025 година, Украина ја спроведе операцијата „Пајажина“, при што со дронови беа нападнати позиции на руската стратешка авијација длабоко во внатрешноста на Русија. Операцијата се смета за една од најзначајните украински акции на непријателска територија.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден