27 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е диктатор, туку лидер кој ја спречува криминалноста и ја гарантира безбедноста на државата.
„Јас не сум диктатор, едноставно ја запирам криминалноста,“ нагласи Трамп во вторникот за време на седница на кабинетот во Вашингтон, говорејќи за последиците од неговите дејствија.
Претседателот истакна дека во Калифорнија немало да се одржат Олимписките игри доколку тој не испрател војска.
„Тие завршија фантастична работа,“ коментираше Трамп, пренесува агенцијата АП.
Трамп увери дека неговата администрација работи на тоа САД да станат уште побезбедни.
„Нашата земја е во неверојатна состојба. Нашата армија е силна, моќна и почитувана,“ додаде тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден