28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Според информациите на американското издание „Политико“, претседателот на САД, Доналд Трамп, успеал да го убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја преиспита својата цврста опозиција кон членството на Украина во Европската унија. Повикувајќи се на анонимен дипломат, медиумот пишува дека Трамп извршил притисок врз Орбан да ја „смекчи својата позиција во врска со пристапувањето на Киев кон ЕУ“.
Двајца дипломати, кои разговарале со „Политико“, изразиле надеж дека застојот околу украинското членство би можел да се надмине во наредните месеци, со оглед на зголемениот меѓународен притисок врз Будимпешта. Според нив, дипломатските напори можат да доведат до компромис кој ќе го отвори патот за продолжување на европската интеграција на Украина.
Иако изворите укажуваат на можност за промена, досега унгарскиот премиер јавно не потврдил дека ќе ја ублажи својата позиција. Орбан во повеќе наврати јасно нагласил дека се противи на приклучувањето на Украина кон ЕУ, оправдувајќи го тоа со различни политички и безбедносни причини. Засега нема официјална изјава дека Унгарија ќе ја промени својата политика.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден