21 јануари 2026
• од Тодор Вангелов
Политичките случувања во Бугарија добија неочекувана меѓународна димензија откако стана јасно дека поранешниот бугарски претседател Румен Радев, непосредно пред неговата оставка и најавеното вклучување во парламентарната трка, добил официјално писмо од американскиот претседател Доналд Тръмп.
Според соопштението на прес-службата на претседателската институција, Трамп го поканил Радев Бугарија да се приклучи како земја-основач на новоформираниот Сoвет за мир – иницијатива на Белата куќа насочена кон меѓународна координација за постигнување мир и обнова, со примарен фокус на Појасот Газа.
Иницијативата веќе предизвика силен меѓународен одек. Меѓу поканетите лидери се и францускиот претседател Емануел Макрон, кој одбил учество, рускиот претседател Владимир Путин, како и белорускиот лидер Александар Лукашенко. Според агенцијата Блумберг, покани биле испратени и до десетици држави и меѓународни институции, вклучувајќи ја и Европската комисија.
Во писмото, Трамп директно го повикува Радев да ја претставува Бугарија во новата организација, оценувајќи ја улогата на Софија како значаен фактор во регионалната дипломатија. Во својот одговор, Радев ја поздравува иницијативата на американскиот претседател и ја истакнува важноста на дипломатијата и деескалацијата на конфликтите, не само во Газа, туку и во поширок глобален контекст.
Посебно внимание Радев посветува на фактот што бугарскиот дипломат Николај Младенов е назначен за Висок претставник за Газа во рамките на Сoветот за мир, што го оценува како признание за бугарската надворешна политика.
Сепак, писмото добива дополнителна тежина поради внатрешнополитичкиот контекст. Радев го информира Трамп дека, по масовните протести низ целата земја, оставки поднеле владата и тој самиот од претседателската функција. Како што наведува, неговата одлука е мотивирана од намерата директно да се вклучи во „оздравувањето на државноста“, зајакнувањето на владеењето на правото и обновувањето на довербата меѓу институциите и граѓаните – овојпат преку парламентарна борба.
Иако формално повеќе не е шеф на државата, Радев во пораката до Трамп изразува уверување дека Бугарија наскоро ќе воспостави стабилна институционална рамка која ќе овозможи продолжување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
Така, во момент кога Радев ја напушта претседателската функција и се подготвува за нова политичка улога, неговиот дијалог со Трамп го позиционира како актер со меѓународна видливост – фактор што би можел значително да влијае врз претстојната изборна кампања и идната надворешнополитичка ориентација на Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
