01 март 2026
• од Гоце Кически
Доналд Трамп, изјави дека во изминатите 36 часа САД и нивните сојузници започнале голема воена операција против Иран.
Тој рече дека операцијата била една од најголемите и најсложените воени акции досега и дека биле погодени стотици цели низ Иран. Според него, меѓу целите биле објекти на Револуционерната гарда и системи за воздушна одбрана. Трамп додаде дека биле уништени девет воени бродови и едно бродоградилиште за само неколку минути.
Американскиот претседател изјави дека иранскиот верски лидер, ајатолахот Рухолах Хомеини, е мртов. Тој го обвини за смртта на голем број Американци и за насилства во други земји. Трамп тврдеше дека по објавата за неговата смрт, во повеќе градови во Иран имало луѓе кои излегле на улиците и славеле.
Тој исто така рече дека иранската воена команда е уништена и дека многу команданти бараат да се предадат за да си ги спасат животите. Според него, дел од нив бараат имунитет.
Во меѓувреме, Централната команда на Соединетите Американски Држави соопшти дека тројца американски војници загинале во борбите. Претседателот изрази сочувство до нивните семејства и рече дека САД ќе продолжат со операцијата додека не ги исполнат своите цели. Тој предупреди дека е можно да има уште жртви.
Трамп нагласи дека САД нема да дозволат Иран да има нуклеарно оружје и ракети со долг дострел. Тој изјави дека таквото оружје би било закана за Америка и за нејзините сојузници. Исто така ги повика припадниците на иранските безбедносни сили да го положат оружјето и да се предадат.
Тој порача дека САД ќе продолжат да дејствуваат, додавајќи дека американската војска е најсилна во светот. Засега нема официјална реакција од иранските власти за овие тврдења. Состојбата останува напната, а светот внимателно ги следи случувањата.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

