18 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп објави преку своите профили на социјалните мрежи дека радикалното левичарско движење Антифа официјално ќе биде третирано како голема терористичка организација.
„Задоволен сум што можам да ги информирам нашите патриоти дека ја прогласувам Антифа, оваа болна, опасна, радикална левичарска катастрофа, за голема терористичка организација,“ порача Трамп. Тој додаде дека ќе препорача темелна истрага и за оние кои го финансираат ова движење.
Антифа (скратено од „антифашисти“) претставува неформална мрежа на радикални левичарски групи кои, зад идејата за борба против „фашизмот“, често користат насилство, вандализам и агресивни протести. Движењето е особено активно во САД и во Европа, каде што е познато по организирање улични судири, запалени автомобили и уништување на јавен имот.
Со оваа одлука, претседателот Трамп уште еднаш ја потврдува својата посветеност на одбрана на редот и законот во Америка, спротивставувајќи се на екстремните левичарски идеологии кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Многу поддржувачи на Трамп ја поздравија најавата, истакнувајќи дека конечно радикалната левица ќе биде одговорна за своите постапки.
Прогласувањето на Антифа за терористичка организација е значаен чекор за заштита на американските граѓани од насилство и хаос, а истовремено силен сигнал дека САД нема да толерираат екстремизам под никаква форма.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден