17 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Тајлер Робинсон беше официјално обвинет за убиството на конзервативниот активист Чарли Керк, објави агенцијата АП повикувајќи се на обвинителството. Според обвинението, Робинсон може да се соочи со смртна казна.
Окружниот обвинител на Јута, Џеф Греј, истакна дека ДНК на Робинсон било пронајдено на пушката која тој ја фрлил со цел да сокрие докази. Во судските документи е наведено дека Робинсон оставил белешка под тастатура, во која признал дека планирал да го убие Керк и ја презел одговорноста за нападот.
Освен обвинението за убиство, Робинсон се товари и за тешко кривично дело со огнено оружје – казниво со доживотен затвор – како и за попречување на правдата, кое може да донесе дополнителна казна до 15 години.
Смртта на 31-годишниот Чарли Керк, коосновач и лидер на движењето Turning Point USA и близок сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, предизвика бран осуди на политичкото насилство во САД. Убиството, извршено пред публика од околу 3.000 луѓе, отвори нова дебата за радикализацијата и политичката поделеност во земјата. Поддржувачите на Керк веднаш го прогласија за „мученик“ на конзервативната кауза.
Робинсон, студент по електротехника во трета година, успеал да избега во хаосот по пукањето, но бил уапсен 33 часа подоцна во домот на неговите родители, оддалечен 420 километри од местото на злосторството. Близки и семеен пријател пријавиле кај властите дека самиот се инкриминирал.
Против него се поднесени обвиненија за убиство со предумисла, незаконско поседување оружје и попречување на правдата.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, изјави дека државата е подготвена да бара смртна казна, но конечната одлука ќе зависи и од желбата на семејството на жртвата. Американската главна обвинителка, Пам Бонди, најави дека Министерството за правда ќе разгледа можност за покренување федерални обвиненија за да се обезбеди најстрога можна казна.
Властите засега сметаат дека Робинсон делувал сам, но истражуваат дали некој од неговата околина знаел за планот. Биле распрашани негови блиски, вклучувајќи го и неговиот цимер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден