25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, на прославата на Денот на независноста остро се осврна на улогата на Русија во тековната војна, нарекувајќи ја „вечен непријател“ на украинската држава и народ.
Во својата објава на Телеграм, Сирски потсети дека борбата за слобода и независност трае веќе повеќе од една деценија. „Се бориме за нашата слобода веќе 12 години. Четири години се спротивставуваме на целосна инвазија. Украинскиот народ никогаш нема да се предаде ниту да се откаже од својата независност“, порача тој.
Командантот подвлече дека вистинската независност е невозможна без силна и подготвена армија. Тој изрази доверба дека вооружените сили на Украина ќе имаат сила и решителност да ја одбранат татковината од агресијата. Во завршницата на своето обраќање Сирски додаде и неколку националистички слогани, нагласувајќи ја важноста на единството и патриотизмот.
Со ваквиот настап, украинскиот воен врв уште еднаш ја испрати пораката дека борбата против руската инвазија е не само прашање на територијален интегритет, туку и на историска судбина и иднина на украинската нација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден