02 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Шведска подготвува еден од своите најголеми пакети воена и безбедносна помош за Украина, соопшти украинското Министерство за одбрана, пренесува Укринформ.
Според информациите од Киев, пакетот ќе опфати системи за противвоздушна одбрана, радари од шведската компанија „Сааб“, опрема за електронско војување, како и дронови, вклучително и такви со можности за изведување длабински удари.
Украинскиот министер за одбрана Михаил Федоров остварил средба со својот шведски колега Пал Јонсон, на која разговарале за спротивставување на балистичките закани преку иницијативата „Приоритетна листа на потреби на Украина“ (PURL). Целта на оваа иницијатива е подобро координирање на меѓународната помош во согласност со најитните безбедносни потреби на Украина.
Двајцата министри дискутирале и за започнување на програмата „Brave-Sweden“, насочена кон иновации во одбраната, како и за можниот трансфер на борбени авиони „Грипен“ и ракети „Метеор“.
Претходно, Михаил Федоров одржал разговори и со холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, при што фокусот бил ставен на натамошна соработка за зајакнување на противвоздушната одбрана, развојот на дронови и заедничко производство на одбранбена опрема.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

