16 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Утре во Брисел ќе се одржи седмата меѓувладина конференција помеѓу Албанија и Европската унија, на која ќе биде отворен последниот кластер од пристапните преговори. Овој кластер ги опфаќа областите ресурси, земјоделство и кохезија, со што Албанија официјално ќе ги адресира завршните тематски целини во процесот на усогласување со европското законодавство.
Според албанските медиуми, конференцијата ќе опфати пет преговарачки поглавја:
Премиерот Еди Рама оцени дека отворањето на последниот кластер претставува „рекордно достигнување“ за земјата. Тој нагласи дека Албанија успеала да ги финализира сите кластери во рок од една година, што го нарече „историски напредок“ во процесот на европска интеграција. Владата во Тирана останува фокусирана на целта да ги заврши преговарачките процеси до 2027 година, со амбиција Албанија да стане членка на Европската унија до 2030 година.
Албанија го доби статусот земја-кандидат во 2014 година, а првиот кластер од пристапните преговори го отвори во октомври 2023 година. Со утрешната конференција, земјата ќе ги има отворено сите преговарачки кластери во период пократок од дванаесет месеци.
Силна поддршка на европскиот пат на Албанија изрази италијанската премиерка Џорџа Мелони на заедничката прес-конференција со Рама по првата заедничка седница на владите на двете држави во Рим. Мелони најави дека политичките преговори со Албанија треба да започнат во првата половина од 2028 година, кога Италија ќе претседава со Европската унија.
Рама, изразувајќи благодарност, истакна дека „неговата сестра Мелони е адвокат на Албанија“ и изрази уверување дека дадените ветувања ќе бидат исполнети.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

