28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Висок американски функционер изјави дека САД понудиле на Иран „бесплатно нуклеарно гориво засекогаш“, но дека Техеран ја одбил понудата затоа што сакал да го задржи правото на збогатување ураниум.
Според функционерот, иранската страна не покажала „сериозност за вистински договор“ за време на разговорите. Тој рече дека Вашингтон бил подготвен да обезбеди гориво за цивилна, мирна нуклеарна програма, без потреба Иран сам да збогатува ураниум.
„Тие практично ни рекоа дека тоа не им одговара. А ние им одговоривме дека тоа нема никаква смисла,“ изјавил функционерот на брифинг со новинари.
Тој го обвини Иран дека се обидувал да „купи време“, наместо да преговара искрено. Според него, Иран во тој период се обидувал повторно да изгради објекти што биле уништени во американските и израелските напади во јуни минатата година.
Функционерот исто така изјави дека во последните три рунди разговори Иран одбил да разговара за својата програма за балистички ракети. „Не сакаат да зборуваат за тоа со нас. Не сакаат да зборуваат ниту со нашите регионални партнери. Воопшто не сакаат да разговараат за тие ракети. За нас тоа беше неприфатливо,“ рекол тој.
Според американската страна, Иран сакал да ја зачува можноста за збогатување ураниум, со цел во иднина да може да произведе нуклеарна бомба.
„Ако сакаа мирна нуклеарна програма, им понудивме многу начини да го постигнат тоа. Наместо тоа, добивме игри, трикови и одолговлекување,“ додал функционерот.
Иранските власти засега немаат официјален одговор на овие тврдења.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

