САД и Трамп ја поклекнаа комунистичка Кина: Трговска победа и сигнал за слабоста на ККП
САД и Кина во понеделникот објавија привремен договор за намалување на катастрофалните царини што си ги имаа воведено една на друга — во обид да се смири трговската војна што ја потресе глобалната економија. Но, зад дипломатската фасада, вистината е јасна: под притисокот од американските мерки и непопустливата политика на претседателот Доналд Трамп, кинеската Комунистичка партија (ККП) конечно поклекна.
Според заедничката изјава, САД ќе ја намалат царината на кинески производи од 145% на 30%, додека Пекинг ќе ја симне царината на американска стока од 125% на 10%. Оваа еднострана попуштање од страна на Кина зборува за нешто многу поголемо — економската и политичката слабост на режимот на Си Џинпинг.
„Заклучивме дека имаме заеднички интереси,“ изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесент на прес-конференција во Женева. „Ниту една страна не сакаше целосно економско раздвојување, но не смееме да ја игнорираме штетата што Кина ја нанесе со своето однесување.“
Американските компании, поддржани од администрацијата на Трамп, ја издржаа економската бурa, додека кинеските фабрики се соочија со драматски пад на нарачките — удар што Пекинг не можеше да си го дозволи во време кога нивната економија веќе тапка во место.
Берзите веднаш реагираа. Хонгконшкиот индекс скокна за 3%, додека фјучерсите на S&P 500 бележат ист толкав раст. Пазарите јасно ја препознаваат реалноста: американската сила и стабилност се факторот што ја донесе ККП на колена.
Во центарот на преговорите беше и барањето на САД до Пекинг да ги запре хемиските состојки што се користат за производство на фентанил — опасна дрога што ја опустошува Америка. „Кинезите конечно разбраа колкава е сериозноста на кризата со фентанил,“ рече Бесент.
Претседателот Трамп претходно воведе 20% дополнителна царина на кинески производи поради несоодветната акција на Пекинг за справување со фентанил. Таа мерка и натаму останува на сила — сигнал дека администрацијата нема намера да дозволи нова слабост или измама од ККП.
Иако Кина се обидуваше да се прикаже како рамноправен играч, единствено таа одговори со агресија по најновите „реципрочни“ царини од страна на САД, воведени минатиот месец на десетици земји. Но, Кина повеќе не диктира услови.
Трамп повторно покажа дека силата, стратегијата и јасната визија можат да ја победат диктатурата.