21 јануари 2026
• од Гоце Кически
Заменик-генералниот секретар на НАТО, г-ѓа Радмила Шекеринска, во среда, 21 јануари, и четврток, 22 јануари 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Република Азербејџан.
За време на посетата во Баку, г-ѓа Шекеринска ќе оствари средби со министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, со претседателката на Парламентот, Сахиба Гафарова, како и со претставникот на претседателот на Република Азербејџан за специјални задачи, Елчин Амирбаев.
Покрај официјалните средби со државниот врв, заменик-генералниот секретар на НАТО ќе се сретне и со претставници на аналитички центри (think tanks), како и со амбасадори на земјите сојузнички на НАТО акредитирани во Азербејџан.
Посетата е дел од континуираниот политички дијалог и практичната соработка меѓу НАТО и Азербејџан, со фокус на регионалната безбедност и зајакнување на партнерските односи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

