02 март 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави важни промени во нуклеарната политика на земјата. Во својата изјава, тој најави нов пристап кој треба да ја зајакне безбедноста на Франција и нејзините сојузници.
Макрон рече дека Франција ќе го зголеми бројот на нуклеарни оружја. Во исто време, државата повеќе нема јавно да го објавува точниот број на распоредени нуклеарни боеви глави. Според него, оваа одлука има за цел да ја зголеми стратегиската неизвесност за потенцијалните противници.
Франција е подготвена да ја прошири својата нуклеарна заштита и надвор од својата територија во други сојузнички држави, доколку тоа биде потребно. Целта е да се испрати јасна порака за заедничка одбрана.
Претседателот истакна дека сојузничките држави се подготвени да ја продлабочат соработката со Франција во нуклеарната стратегија. Тоа вклучува подобра координација и заедничко планирање во рамки на одбранбените политики.
Во својот говор, Макрон нагласи дека Европа денес се соочува со ограничувања наметнати од правила кои не ги создала самата. Со оваа изјава, тој повика на поголема стратешка автономија и посилна европска улога во глобалната безбедност.
Со овие најави, Франција испраќа порака дека сака да игра поактивна и посамостојна улога во европската и светската безбедност.
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

