02 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Стратешкиот форум во Блед испрати мрачна порака за иднината на регионот, предупредувајќи дека Србија се наоѓа на самиот раб на граѓанска војна.
„Србија е на работ на граѓанска војна“, изјави Пленковиќ за време на панел-дискусијата со премиерите на Словенија, Албанија и Црна Гора, јавува N1.
Тој потсети дека во Србија веќе повеќе од две години траат најголемите и најсериозни немири и демонстрации во поновата историја, што според него ја доведува државата до точка на целосен распад.
„Мораме да бидеме трезвени. Регионалната слика е сурова, а Србија е пример за тоа – најсилни немири, политичка нестабилност и ситуација која лесно може да прерасне во крвава конфронтација“, рече хрватскиот премиер.
Со вакви зборови, Пленковиќ ја отвори најцрната перспектива за соседна Србија, опишувајќи ја како држава која се движи кон хаос, судири и можен братомразечка војна.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден