Патник принуди авион да слета принудно на аеродромот Македонија во Солун
Авион кој сообраќал на рутата Единбург–Ларнака беше принуден на итно слетување на аеродромот „Македонија“ во Солун во саботата, поради проблематичен патник.
Според информациите, патникот одбивал да ги следи инструкциите на капетанот и екипажот, вербално нападнал член на екипажот и друг патник, што предизвикало сериозен инцидент на летот.
По слетувањето, 38-годишниот странец бил уапсен од страна на грчката полиција. Причините за неговото однесување сè уште не се јасни, а истрагата е во тек.
Инцидентот не предизвикал физички повреди, но патниците и екипажот биле потресени од случувањето. Летот продолжил кон својата дестинација по разрешување на ситуацијата.