28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Папата Лав во средата упати апел до светската заедница за прекин на речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас, повикувајќи на траен прекин на огнот, ослободување на заложниците кои се држат во Газа и обезбедување на хуманитарна помош, пренесе „Ројтерс“.
„Уште еднаш упатувам силен апел... да се стави крај на конфликтот во Светата земја, кој предизвика толку многу ужас, разурнување и смрт“, изјави папата за време на својата неделна аудиенција во Ватикан.
Тој додаде: „Настојчиво повикувам сите заложници да бидат ослободени, да се постигне траен прекин на огнот, да се овозможи безбеден пристап за хуманитарна помош и строго да се почитува меѓународното хуманитарно право“.
Иако директно не ги спомена ниту Израел ниту палестинската организација Хамас, папата нагласи дека меѓународното право наложува „обврска за заштита на цивилното население, забрана за колективно казнување, неразликувачка употреба на сила и присилно раселување на луѓето“.
Лав, првиот папа од САД, беше избран во мај годинава од страна на кардиналите низ светот, на местото на покојниот папа Франциск. Тој се разликува од својот претходник по тоа што претпочита внимателно подготвени изјави и ретко импровизира.
Исто така, е повоздржан во однос на конфликтот Израел–Хамас отколку Франциск, кој порано предложи меѓународната заедница да разгледа дали израелската воена кампања во Газа претставува геноцид врз палестинскиот народ – став кој предизвика остри реакции од израелски официјални лица.
Папата Лав претходно веќе повика Израел да дозволи влез на повеќе хуманитарна помош во Газа.
Конфликтот започна на 7 октомври 2023 година, кога вооружени групи предводени од Хамас влегоа во јужен Израел, убивајќи околу 1200 луѓе, главно цивили, и земајќи 251 заложник, според израелски извори.
Одговорот на Израел со воена офанзива во Газа, според Министерството за здравство во Газа, досега однел најмалку 62.000 животи, најголем дел цивили.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден