28 февруари 2026
• од Тодор Вангелов
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп биле информирани и им била покажана фотографија од телото на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, откако неговите посмртни останки биле пронајдени од иранските власти во неговиот комплекс во Техеран, јавува израелскиот Канал 12.
Според извештајот, Израел извршил масивен воздушен удар врз комплексот на Хамнеи во раните утрински часови, како почетна фаза од поширок бран напади врз цели во Иран. Нападот, како што се наведува, бил насочен директно кон седиштето на врховниот лидер.
Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, ги информирал американските претставници дека Израел успеал да го ликвидира Хамнеи, изјавил извор запознаен со случајот за „Тајмс оф Израел“, потврдувајќи претходно објавени информации од новинскиот портал „Аксиос“.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

