08 март 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го честиташе Меѓународниот ден на жената, нагласувајќи ја клучната улога што жените ја имаат во демократскиот развој и во процесите за мир и безбедност.
Парламентарното собрание на НАТО објави видео-порака од Османи, во која таа истакнува дека наследството на жените продолжува да го води демократскиот пат на Косово.
Османи нагласи дека патот на Косово кон слободата не бил испишан само од мажи, туку и од жени кои го предводеле мирниот отпор.
„Нивното наследство продолжува да го води нашиот демократски пат. Од оваа историја извлековме трајна лекција: мировен процес што ги исклучува жените не може вистински да успее. Безбедносен систем создаден без гласовите на жените не може да опстане. Демократски поредок што ги остава жените зад себе останува нецелосен. Жените не се набљудувачи на напредокот. Тие се негови двигатели, од јавниот и политичкиот живот, до безбедносните сили, дипломатијата, економијата и бизнисот. Искуството ни покажа дека кога жените учествуваат целосно, општествата стануваат поправедни, посилни и побогати“, изјави таа.
Османи додаде дека „гласовите на жените никогаш не треба да бидат замолчени или игнорирани“.
„Нивното лидерство не треба да се третира како опција, а нееднаквоста не треба да се прифаќа како статус кво. Затоа што кога жените водат, општествата секогаш стануваат посилни. Кога еднаквоста е реална, мирот станува поодржлив. Иднината кон која се стремиме е иднина во која амбицијата на секоја жена се признава како легитимна, нејзиниот придонес се вреднува, а нејзиното лидерство се разбира онакво какво што навистина е — неопходно“, рече Османи.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

