Меркел ја повика ЕУ да создаде „вистинска европска армија“
Германската канцеларка Ангела Меркел ги поддржа плановите на францускиот лидер Емануел Макрон за армија на Европската унија, јавува Би-Би-Си.
За прв пат по 11 години. Меркел зборува во ЕП.
Меркел ја повика Европа да создаде „вистинска европска армија“ која ќе вклучува и заеднички развој на системи за оружје, заедничка политика за извоз на оружје на ЕУ и „европски интервентни сили“.
„Европа мора да ја земе својата судбина во свои раце“, повика таа за време на дебатата за иднината на Заедницата во Европскиот парламент.
Таа го коментираше прашањето за создавање на европска армија додека зборуваше за важноста на европската солидарност.
Според нејзините зборови, Заедницата мора да се потпре на себе во одбраната, а во исто време да ги исполнува своите обврски кон НАТО. Канцеларката увери дека европската армија ќе работи како „добро дополнување“ на НАТО.