15 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го спореди рускиот претседател Владимир Путин со Адолф Хитлер и предупреди дека амбициите на лидерот на Кремљ нема да завршат со Украина, пренесува „Политико“.
„Исто како што Судетската област не беше доволна во 1938 година, така ни Путин нема да застане“, изјави Мерц, алудирајќи на делот од поранешна Чехословачка кој со договор им беше отстапен на нацистичка Германија. По тоа, Хитлер ја продолжи својата експанзија низ Европа.
„Ако Украина падне, тој нема да застане тука“, беше категоричен германскиот канцелар. Според него, станува збор за „руска агресивна војна против Украина – и против Европа“. Мерц предупреди дека целта на Путин е „фундаментална промена на границите во Европа и обновување на поранешниот Советски Сојуз во неговите стари граници“.
Заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, Мерц ги предводи европските напори за поддршка на Киев. Според информациите, германски, британски и француски претставници викендов разговараат за предлози за прекин на војната во Украина, во пресрет на состанокот што треба да се одржи утре со учество на лидерите.
Се очекува и американскиот пратеник Стив Виткоф да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој утре ќе биде примен од Мерц во Берлин.
Во моментов се разработува мировен план од 20 точки, поддржан од САД, кој предвидува и територијални отстапки од страна на Украина. Според еден од предлозите, регионот Донбас би бил трансформиран во зона на слободна трговија, каде американските компании би можеле слободно да работат.
Мерц ги даде овие изјави на партиска конференција на Христијанско-социјалниот сојуз на Баварија, партија која е тесно поврзана со неговата Христијанско-демократска унија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

