27 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави во Бундестагот дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се свести за фактот дека не постои можност за „успешен излез“ од војната во Украина. Тој нагласи дека Европа нема да прифати никаков мировен договор што ќе биде постигнат зад нејзиното грб или без учеството на Киев.
„Сакаме оваа војна да заврши што е можно побрзо“, изјави Мерц пред пратениците. „Но, договор меѓу големите сили без согласност на Украина и Европската унија, нема да биде основа за вистински и одржлив мир.“
Коментарот на Мерц доаѓа еден ден по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој објави дека е подготвен да ја придвижи американската рамка за прекин на војната и лично да ги разгледа спорните точки со американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски нагласи дека во преговорите задолжително мора да учествуваат и европските партнери.
„Решенијата за европските работи можат да бидат донесени само со заедничко согласие“, нагласи германскиот канцелар. „Украина не е пешка, туку суверен актор со свои интереси и вредности.“
Мерц исто така потврди дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека замрзнатите руски активи треба да се користат за оваа цел. Тој најави и значително зголемување на германската финансиска помош за Киев – од планираните 8,5 милијарди евра на 11,5 милијарди евра во буџетот за 2026 година, што ја прави Германија најголемиот европски донатор на Украина.
Овие изјави на канцеларот доаѓаат во време на интензивирани дипломатски напори околу американскиот мировен план, како и на растечко европско инсистирање дека ниту Вашингтон, ниту Москва не можат да ја договорат иднината на Украина без активно учество на самата Европа.
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

