15 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Сериозен инцидент со физичко насилство се случил во раните утрински часови во швајцарскиот град Романсхорн, при што три лица, државјани на Северна Македонија, завршиле во болница. Според официјалните информации објавени од Кантоналната полиција на Тургау, масовната тепачка избила околу 04:00 часот наутро во угостителски објект на улицата „Банхофштрасе“.
Како што соопштува полицијата, инцидентот започнал со вербална расправија меѓу две групи посетители, која за кратко време ескалирала во физичка пресметка. Поради сериозноста на ситуацијата, на терен биле испратени повеќе полициски патроли со цел да се воспостави ред и да се спречи понатамошно насилство.
Во тепачката учествувале лица од неколку различни националности. Најтешко повредени биле тројца македонски државјани – двајца на возраст од 41 година и еден 43-годишник – кои се здобиле со лесни до средно тешки телесни повреди. Тие биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во најблиската болница, каде што им била укажана соодветна медицинска грижа.
Покрај нив, уште четири лица добиле лекарска помош на самото место поради полесни повреди. Станува збор за 54-годишен државјанин на Косово, 35-годишна државјанка на Албанија, како и двајца швајцарски државјани на возраст од 40 и 27 години.
Во инцидентот биле инволвирани и уште две лица кои, за среќа, поминале без повреди – 52-годишен Швајцарец и 48-годишен државјанин на Северна Македонија.
Кантоналната полиција Тургау продолжува со истрагата за целосно расветлување на околностите под кои дошло до тепачката и за утврдување на индивидуалната одговорност на учесниците во инцидентот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

