08 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека за време на својата државна посета на Кина му ставил до знаење на Пекин дека Европската унија може да воведе нови давачки за кинески производи доколку не се преземат мерки за намалување на сè поголемиот трговски дефицит. Изјавата е пренесена од агенцијата „Ројтерс“.
За време на посетата на почетокот од декември, Макрон ја повика Кина да соработува поинтензивно во справувањето со „неодржливите“ глобални трговски дисбаланси, како и во доменот на геополитиката и заштитата на животната средина.
„Им објаснив на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив, бидејќи ги ’убиваат‘ сопствените клиенти, особено кога веќе не увезуваат доволно од нас“, изјави Макрон за францускиот весник Les Echos.
Тој нагласи дека, доколку Пекин не реагира, Европа ќе биде принудена во наредните месеци да преземе строги мерки, по примерот на САД, како воведување тарифи врз кинески производи.
Трговскиот дефицит на Европската унија со Кина од 2019 година досега се зголемил за речиси 60%. Истовремено, трговскиот јаз меѓу Франција и втората најголема светска економија продолжува да се продлабочува.
Макрон и во минатото бараше обединет европски настап кон Кина, охрабрувајќи го Брисел да воведе заштитни контрамерки со цел да го забави влијанието на евтините кинески увози врз индустрискиот сектор во Европа.
Францускиот претседател предупреди дека европската индустрија се наоѓа во незавидна позиција – притисната од протекционистичките политики на американскиот претседател Доналд Трамп од една страна, и агресивниот кинески индустриски модел од друга.
„Денес сме заглавени меѓу двете, и тоа е прашање на живот или смрт за европската индустрија. Станавме пазар за корекции, а тоа е најлошото сценарио“, изјави Макрон.
И покрај острите критики, Макрон предлага и помирлив пристап кон Кина. Тој сугерира укинување на ограничувањата за извоз на европските машини за полупроводници, како и ублажување на кинеските ограничувања за извоз на реткоземни елементи.
Дополнително, тој ги охрабри кинеските компании повеќе да инвестираат во Европа и да создаваат „вредност и можности за европската економија“.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

