22 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Русија не смее да добие какви било отстапки од Украина, бидејќи тоа само би ја охрабрило агресијата. Ова го изјави врховната претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кaja Калас, пренесуваат „Гардијан“ и „Скај њуз“.
Калас нагласи дека траен мир може да се постигне само под јасни и праведни услови, а секое попуштање кон агресорот претставува ризик за безбедноста не само на Европа, туку и на поширокиот Индо-Пацифички регион.
Според Калас, наградувањето на агресија секогаш води кон уште поголема агресија. Таа предупреди дека Русија „нема право“ да добие никакви отстапки од Украина во процесот за постигнување мир.
„Ако едноставно се поддадете на агресијата, тогаш провоцирате уште повеќе агресија. Тоа е опасно за сите“, рече таа, говорејќи на маргините од форумот ЕУ–Индо-Пацифички регион.
Калас истакна дека таквото попуштање би можело да испрати погрешен сигнал и до други земји кои имаат територијални претензии кон своите соседи, што би ја загрозило меѓународната стабилност.
Осврнувајќи се на можноста за мирно спогодување меѓу Украина и САД, Калас повтори дека само Украина може да ги одреди условите за мировниот договор. „Русија нема право да бара никакви отстапки“, потенцираше таа.
Калас додаде дека и Европа и Украина сакаат мир, но не по цена на поттикнување дополнителна агресија.
Претходно во текот на денот, Калас изјави дека ЕУ ќе го поддржи секој мировен план за Украина кој гарантира траен и праведен мир и кој ја вклучува Украина како рамноправен учесник.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

