17 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Русија нема да може да ја избегне одговорноста и финансиските обврски за штетите предизвикани со војната во Украина. Ова го изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по повод формирањето на Меѓународната комисија за побарувања за Украина во Хаг, јавува агенцијата „Ројтерс“.
Новоформираната комисија ќе има задача да ги проценува воените штети во Украина, кои, според најавите, ќе треба да бидат обештетени од страна на Русија. Според Калас, ова претставува јасна порака до сите потенцијални идни агресори дека започнувањето војна носи конкретни последици.
„Ако започнете војна, ќе бидете повикани на одговорност“, нагласи Калас, додавајќи дека меѓународната заедница мора да воспостави јасни механизми за правда и обештетување.
Комисијата ќе функционира како дополнување на веќе постоечкиот Регистар на штети за Украина и ќе работи во рамките на Советот на Европа. Целта е да се обезбеди правна и институционална основа за надомест на штетите и зајакнување на меѓународното право.
ОЈО Скопје отвори предмет за „Зимзоленд“: Се испитува можна општа опасност
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

