14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, ја оцени како значаен чекор напред постигнатата согласност за граѓанската регистрација и Законот за странци во Косово. Според неа, овој напредок претставува нов импулс за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија.
Калас истакна дека договорот е важен за благосостојбата на сите граѓани во Косово и нагласи дека е од суштинско значење да се обезбеди континуитет во функционирањето и обезбедувањето на јавните услуги.
„Денешниот договор за граѓанската регистрација и Законот за странци претставува значаен чекор напред во корист на сите луѓе во Косово. Исклучително е важно да се обезбеди континуитет во обезбедувањето на јавните услуги. Им благодарам на сите кои се ангажираа конструктивно за ова да стане возможно“, изјави Калас.
Таа додаде дека спроведувањето на претходно постигнатите договори останува клучно за напредокот во процесот. Според неа, постигнатиот напредок создава нова динамика во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Калас исто така најави дека е подготвена во блиска иднина да организира средба на високо ниво меѓу двете страни, со цел продолжување на разговорите и унапредување на процесот на нормализација на односите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

