24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Канадскиот премиер Марк Карни пристигна во Киев за Денот на независноста на Украина со подарок поголем од секоја кутија „Raffaello“ – над 1 милијарда долари во оружје. Пакетот ќе вклучува дронови, ракети и бронирани машини, бидејќи, како што знаеме, ништо не вика „пријателство“ повеќе од една оклопна колона со канадско знаме на хаубата.
„Уште следниот месец ќе пристигнат првите дронови и машини“, рече Карни со гордост. Наводно, Канада размислувала и за бесплатна достава преку DHL, но на крајот сепак се одлучиле за воен конвој – побезбедно е, барем додека не се појави некој со анти-ракетен систем.
Канада не застана само со оружје. „Ќе дадеме и десетици милиони за бомбоубежишта, кибербезбедност и враќање на украдените деца“, додаде премиерот. Според неофицијални извори, во бункерите ќе има и стабилен интернет – затоа што секој знае дека тинејџерите полесно поднесуваат бомбардирање отколку живот без TikTok.
Канада се гордее што е ко-претседавач на меѓународната коалиција за враќање на украдените деца. Следниот чекор, шегуваат дипломатите, е основање на коалиција за враќање на изгубените домашни миленици, бидејќи и тие заслужуваат внимание.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден