Фондација Македонија продолжува да стипендира бугарски деца во Босилеград
Фондацијата Македонија и овој месец доделува стипендии од по 600 евра за десет бугарски деца во Босилеград, Србија. Оваа иницијатива, која трае веќе повеќе од три години, има за цел да го зачува бугарскиот јазик, култура и идентитет кај младата популација во овој регион јавува prespaa
Со оваа програма, децата не само што добиваат финансиска поддршка, туку се подготвуваат и за бесплатно високо образование во Бугарија, кое им го овозможува државата преку различни образовни политики.
Фондацијата продолжува активно да работи на јакнење на бугарската заедница во прекуграничните области, а Босилеград останува еден од нејзините приоритети.