СВЕТ

ЕУ и НАТО соработуваат против големи сајбер напади

06 јуни 2025

• од Гоце Кически

Министрите за телекомуникации на Европската Унија денеска во Луксембург одобрија ажурирање на „сајбер безбедносниот план“ на Унијата, кој ги опишува механизмите за реакција на сериозни инциденти поврзани со сајбер безбедноста.

„Полска се соочува со околу 700 сајбер инциденти дневно. Сме најнападнатата земја во сајбер просторот во ЕУ. Сепак, не можеме да гарантираме дека другите земји членки нема да бидат главна цел во следната година. Затоа мора да бидеме подготвени заедно“, изјави министерот за дигитални прашања на Полска, Дариуш Стандерски, кој претседаваше со состанокот.

Во новиот документ се дефинираат институциите – технички, оперативни и политички – кои треба да реагираат на големи напади. Исто така, се бара посилна соработка со НАТО преку воспоставување „контакт-точки“ за време на сајбер криза.

„Зголемените геополитички тензии, конфликти и стратешко ривалство се одразуваат во обемот и софистицираноста на злонамерните сајбер активности“, се наведува во документот.

ЕУ најави дека од јуни 2026 година ќе почне со серија сајбер вежби за тренинг во услови на криза. Во нив ќе бидат вклучени приватниот сектор и НАТО, а можно е да учествуваат и претставници од земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина.

„Одговорот на Европа на сајбер заканите мора да вклучува поблиска координација меѓу цивилните и воените актери, како и широк пристап за сајбер безбедност,“ изјави данскиот министер за безбедност на заедницата и итни состојби, Торстен Шак Педерсен.

Сајбер нападите, според документот, „можат да бидат дел од хибридни кампањи или воени операции. Тие директно ја загрозуваат безбедноста, економијата и општеството на Унијата.“ Исто така, документот предупредува на можноста за „спиловер“ ефекти, особено кога активностите се насочени кон меѓународни стратешки партнери како кандидатски или соседни земји.

Документот допира и до темата за безбедни комуникации, барајќи од Европската комисија да предложи решение до крајот на 2026 година и од земјите членки да развијат планови за итни случаи во ситуации кога традиционалните комуникациски канали се прекинати.

Ажурирањето на овој план беше побарано од националните престолнини во мај 2024 година и беше предложено од Европската комисија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени