ЕУ бара брза истрага за инцидентите против демонстрантите во Србија
„Загрижени сме за инцидентите против демонстрантите во Србија и очекуваме брза истрага од српските власти.“ Ова го изјави портпаролот на Европската комисија на прес-конференција како одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека властите треба да ги заштитат демонстрантите од нападите од други групи. „Слободата на собири е основно право, а граѓанското учество игра клучна улога во социјалниот развој“, нагласи портпаролот.
Според неговите зборови, Европската унија очекува од сите земји кои аспирираат да се приклучат на ЕУ да ги спроведат овие правила. Портпаролот исто така посочи дека ширењето дезинформации и вражески изјави, вклучително и против Европската унија, го одвлекуваат вниманието на Србија од нејзиниот европски пат.