01 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во рамки на проект финансиран од Европската унија преку Планот за закрепнување и отпорност, општина Нова Загора започна со формирање на седум дигитални клубови во локалните читалища (народни библиотеки). Првиот ваков центар веќе е свечено отворен во селото Еленово.
Овие клубови, опремени со модерна техника и пристап до интернет, имаат за цел да ја унапредат дигиталната писменост кај жителите од сите возрасни групи. Преку обуки, практични работилници и слободен пристап до технологии, граѓаните ќе добијат можности за професионален развој, социјална интеграција и учење низ цел живот.
На отворањето во Еленово присуствуваа и градоначалничката на Нова Загора и локални претставници. Секретарот на читалиштето, нагласи дека читалиштата остануваат важни места за заедницата, а со дигиталните клубови нивната улога уште повеќе се засилува.
Оваа иницијатива е дел од поголем национален проект за изградба на 760 дигитални клубови низ цела Бугарија, со вкупен буџет од 30 милиони евра, од кои 10 милиони се обезбедени преку национално кофинансирање. Проектот го спроведува Министерството за труд и социјална политика на Бугарија, и е еден од конкретните примери за тоа како европските фондови и интеграцијата во ЕУ директно помагаат на граѓаните.
Во наредниот период ќе се отворат уште шест клубови во општина Нова Загора.
Овој успешен пример покажува како интеграцијата во Европската унија може да резултира со директни придобивки за локалното население, посебно во руралните области. Преку поддршка за дигитална трансформација, ЕУ не само што инвестира во инфраструктура, туку и во човечкиот капитал, пристапот до знаење и еднаквите можности за сите.
За македонското општество, ова е јасна порака за тоа што може да се постигне со посветена работа на патот кон ЕУ – каде дигитализацијата, образованието и еднаквоста се приоритет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

