02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Од 1 јануари 2026 година, Бугарија прави уште еден решителен чекор во својата европска интеграција – го воведува еврото како национална валута, соопшти Министерство за надворешни работи на Бугарија.
Од Министерството нагласуваат дека оваа промена не е само економска и финансиска, туку и силен симболичен момент за земјата. По инсистирање на Бугарија, кирилицата е дел од европската валута – на евробанкнотите зборот „ЕВРО“ е испишан и на кирилица, заедно со латиницата и грчката азбука.
На овој начин, бугарската писменост – една од трите официјални азбуки во Европската унија – станува видлива секојдневно во паричниците на над 300 милиони Европејци.
Во ставот на Министерството се истакнува дека со воведувањето на еврото Бугарија го зацврстува своето место во срцето на ЕУ, ги олеснува патувањата, бизнисот и инвестициите и придонесува за стабилноста и довербата во заедничката европска економија. Еврото веќе го носи и бугарскиот знак – кирилицата, а Европа зборува, пишува и плаќа на бугарски јазик.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

