30 јануари 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот ветеран-политичар и поранешен премиер Бојко Борисов изрази цврста поддршка за ставот на Европската народна партија дека Европската унија мора итно да изгради реални заеднички одбранбени капацитети до 2030 година, во тесна соработка со НАТО. Ова го соопшти самиот Борисов преку објава на социјалните мрежи по средбата со претседателот на ЕНП, Манфред Вебер.
Борисов се наоѓа во хрватската престолнина Загреб, каде учествува на Самитот на ЕНП што се одржува денес и утре, во пресрет на клучни одлуки за иднината на Европската унија. Според него, паралелно со зајакнувањето на одбраната, ЕУ треба максимално да ја зголеми својата конкурентност, да ја намали зависноста од надворешни фактори и да ја поедностави бирократијата. Посебен акцент, како што истакнал, треба да се стави на инвестициите во иновации.
Во разговорот со Вебер, Борисов нагласил дека во изминатата година Бугарија остварила значителен економски напредок. „Реализиравме бруто-домашен производ од 113 милијарди евра, а економскиот раст надминува 3%, што нè вбројува меѓу првите пет земји во ЕУ“, изјавил тој. Според неговите зборови, благодарение на работата на кабинетот „Желјазков“, повеќе од 63 милијарди евра европска помош стигнале до бугарските компании, општини и граѓани, а земјата успеала да привлече и рекордни инвестиции, вклучително и стратешки проекти во одбранбената индустрија.
Борисов подвлекол и дека за време на мандатот на владата „Желјазков“ Бугарија ја заокружила својата европска интеграција, станувајќи полноправна членка на еврозоната и Шенген-зоната. Воедно, тој уверил дека земјата, како надворешна граница на ЕУ, одговорно ја исполнува својата улога во заштитата на безбедноста на целиот Сојуз.
„Заштитата на надворешните граници не е само национална, туку заедничка европска одговорност, која бара реална солидарност, повеќе ресурси и засилена соработка меѓу земјите членки“, порачал Борисов.
Во контекст на новите приоритети на ЕНП за 2026 година, Борисов и Вебер се согласиле дека на Европа ѝ се потребни поефикасни мерки за справување со нелегалната миграција, како и со растечките безбедносни ризици, меѓу кои хибридните закани, трговијата со луѓе и прекуграничниот криминал.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

