06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарски поларници, учесници во 34-тата антарктичка експедиција, на островот Ливингстон открија остатоци од авион што се урнал пред точно 50 години. Пронајдените делови од леталото им биле предадени на аргентинската морнарица, која со почести го пречекала научно-истражувачкиот брод „Св. Св. Кирил и Методиј“.
Бугарските антарктички истражувачи се првите што ги пронашле остатоците од оваа тешка авионска несреќа, во која загинале повеќе научници, воени лица и истражувачи на ледениот континент.
Остатоците се пронајдени на релативно големо растојание од местото каде што се претпоставувало дека се случила несреќата. Се смета дека деловите подоцна биле исфрлени на брегот од морските бранови. На нив се забележуваат траги од електролитна корозија, предизвикана од долгото изложување на солена морска вода.
Меѓутоа, делови што биле откриени пред две години — исто така од бугарски научници — во подножјето на блискиот глечер Чарити укажуваат дека аргентинскиот авион најверојатно се урнал на северната падина на врвот Методиј.
Според истражувачите, денот кога се случила несреќата во јануари пред половина век веројатно не се разликувал многу од денешните услови. Врвовите на планинскиот масив Фризленд биле обвиени со ниски облаци, што се покажало кобно за аргентинскиот авион „Локхид“.
Во леталото се наоѓале 11 членови на екипажот – научници и глациолози – кои имале задача да утврдат колку студот ги замрзнал морските води околу Антарктикот и да ја одредат најбезбедната маршрута за ледокршачот „Генерал Сан Мартин“.
Доколку експертизата го потврди ова откритие, можно е дел од пронајдените остатоци да припаѓаат и на хеликоптерот кој бил испратен во потрага по првиот авион. Но и тој, според претпоставките, се урнал во близина, при што неговиот екипаж трагично го загубил животот.
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

