17 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Според најновите податоци на Евростат, Бугарија е на второ место во Европската унија по удел на авионскиот транспорт во вкупните патнички километри за 2023 година. Така, 29% од патувањата во земјата биле реализирани со авион. Пред неа е единствено Хрватска со 43,5%, додека на третото место се наоѓа Кипар со 27,4%.
И покрај тоа што авионот има значаен удел во некои земји, автомобилот останува основно превозно средство за патници во целата Европска унија. Во 2023 година, автомобилите сочинувале 70,6% од вкупните патнички километри, што претставува намалување за 1,8% во однос на 2022 година.
На второ место е авионот со 14,7% (зголемување за 1,6%), потоа следуваат автобусите, туристичките автобуси и тролејбусите со 7,2% (намалување од 0,2%). Возовите учествувале со 7,1% (раст од 0,3%), а морскиот транспорт останал стабилен на 0,4%.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден