16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарија пројавува интерес за набавка на грчкиот систем за заштита од дронови „Кентаврос“, пренесува Бугарско национално радио. Финансирањето на потенцијалната аквизиција би се реализирало преку европски механизам за финансирање на одбраната.
Според достапните информации, системот „Кентаврос“ може да функционира како копнен противдронски систем, но и како решение за заштита на воени бродови од беспилотни летала. Тој располага со активен радар со дострел до 40 километри, како и со кинетички модули за неутрализација на дронови преку директен удар.
Две грчки фрегати веќе се опремени со овој систем, а неговите способности биле потврдени и во рамки на поморската мисија на Европска Унија во Црвеното Море. Во таа операција, системот бил користен за заштита на трговски бродови од напади на јеменските бунтовници Хути.
Освен Бугарија, интерес за набавка на грчкиот противдронски систем пројавиле и други европски држави. Тие, исто така, имаат можност да обезбедат финансиска поддршка преку европските инструменти за одбранбено финансирање, наведуваат грчки извори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

